Нови „бомби“ за Заев: Преку посредник договарал соработка со Мијалков?

На каналот „Мијачко Шилеже“ на Јутјуб денеска се појавија две нови аудио снимки на кои, како што се тврди во напишаниот транскрипт од разговорот, се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Гласот на соговорникот е мутиран.

Првиот разговор „Зоран Заев се договарал со Сашо Мијалков“ кој трае 1 минута и 54 секунди, според насловот што го напишал поставувачот на Јутјуб-каналот, алудира на наводен договор на Заев со Сашо Мијалков, тогаш висок функионер во ВМРО-ДПМНЕ и во власта. Во разговорот се споменува името Сашо, но не и презимето.

Од она што може да се разбере е дека гласот за кој се тврди дека е на Заев бара писмено решение од финансиската полиција дека во општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо. На крајот на тонскиот запис Заев вели „нека повлечат се со решение и нема да објавам ништо“.

Снимката насловена како „Зоран Заев се договарал со Сашо Мијалков“  можете да ја слушнете ТУКА.

Во вториот разговор кој трае 26 секунди, според насловот на „бомбата“, „Заев знаел дека Шилегов правел криминал во второстепена комисија з ајавни набавки“, Заев со непознатиот соговорник зборува за улогата на Петре Шилегов како претседаел на второстепената комисија за јавни набавки, за кого соговорникот на Заев вели дека бил „трпај пари и уживај, капата на криво и свиркај си“, на што гласот за кој се тврди дека е на Заев одговара со: „Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.“

Втората снимка „Заев знаел дека Шилегов правел криминал во второстепена комисија з ајавни набавки“ можете да ја слушнете ТУКА.

Непознато е кој ги објавува овие аудио снимки на мрежата „Јутуб“. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, соопшти дека неговата партија веќе поднела кривични пријави за разговорите кои се објавуваат во предизборието. Пријавите се за незаконско прислушкување, односно, незаконско снимање.

Заев: Поднесовме кривични пријави за „бомбите“ објавени последниве денови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот