Нови „бомби“ за Мицкоски, ги убедувал независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за законот за ОЈО

Тој објаснува дека на нелегален начин предметите од СЈО се префрлаат во надлежност на Јавното обвинителство.

На „Јутуб“ се објавени нови снимки на кои се слуша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој според еден од насловите, имал тајна средба со осумте независни пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои бeа исклучени од партијата.

Во првиот објавен разговор, Мицкоски зборува за активности и набројува дека третата е најважна, а тоа е Законот за јавно обвинителство. Тој објаснува дека на нелегален начин предметите од СЈО се префрлаат во надлежност на Јавното обвинителство.

„Третата активност која што е не помалку важна, можеби најважна, е Законот за јавното обвинителство. На комплетно нелегален начин ги префрлија предмет таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше силно доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани, за политички неистомисленици. И они немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународна заедница и пред нас и така натаму“, вели Мицкоски.

Во снимката насловена пак како „Лицемерие на Мицко“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека барал од општинските комитети да не ги напаѓаат осумте пратеници.

„Јас во изминатиот период како претседател на ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја поминав Македонија вклучувајќи ги и претседателските избори, ниту еднаш не ми ја спомнаа, а во општинските комитети секаде без исклучок, претпоставувам Ви пренесуваат барав да не бидете напаѓани“, вели Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот