Нови „бомби” на Ел Чека: Ахмети и Груби коментираат за медиумите

Ел Чека повторно „бомбардира“ на Фејсбук. Во последните разговори објавени пред неколку часа Ел Чека пишува дека наводно се слуша гласот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и гласот на Артан Груби. Ахмети и Груби наводно се координираат за една вест емитувана на МТВ2, која не му се допаднала на Ахмети, јавува Лајм прес.

Ахмети кажува дека за ова прашање се слушнал и со заменик-директорот Албанец, на кого не му го памти името. Во меѓувреме, Груби вели дека и се јавил на главната уредничка на вестите за да и го објасни случајот и изразува сомнежи дека некој друг пред него ја информирал за емитуваната вест која не му се допаднала на Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот