Нови апсења на Косово, ЕУЛЕКС упадна во канцелариите на ветераните на ОВК

epa08536463 Kosovo War veterans wear face masks showing the logo of Kosovo Liberation Army (KLA) during a protest in Pristina, Kosovo, 09 July 2020. Kosovo war veterans protested against the Specialist Prosecutor's Office (SPO) Indictments for the Court's consideration, charging Kosovo President Thaci and other former KLA fighters with a range of crimes against humanity and war crimes, including murder, enforced disappearance of persons, persecution, and torture. EPA-EFE/STR

Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС упадна претпладнево во канцелариите на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во косовската престолнинајави дописникот на МИА од Приштина.

Агенцијата Косовапрес објави дека вооружени припадници на полицијата го обезбедуваат објектот во кој се сместени ветераните и вршат претрес во нивните канцеларии.

Акцијата уследи по вчерашното апсење на поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и командант на ОВК, Салих Мустафа, кој е првиот од над 300 осомничени за воени злосторства за време и непосредно по војната во Косово од 1998-99 против кого е официјално подигнато обвинение од страна на Специјализираните комори, односно меѓународниот суд за Косово.

Порталот „Газета експрес” претходно објави дека во текот на денешниот и утрешниот ден се очекуваат нови апсења на поранешни водачи и припадници со обвиненија од трибуналот, чие седиште е во Хаг.

Во изминатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица донесоа бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против лицата осомничени за воени злосторства и со имиња на сведоци испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот.

Тачи најави оставка ако се покрене обвинение од Хашкиот суд за злосторставата на Косово

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот