Нови 95 случаи на коронавирус во Црна Гора, две лица починаа

Фото: EPA/ Boris Pejovic

Во Црна Гора после анализата на 678 примероци, потврдени се уште 95 случаи на коронавирус, а починале две лица.

Со тоа вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора моментално изнесува 2.039 лица.

Пријавени се два смртни случаи на позитивни пациенти од Подгорица и Херцег Нови.

Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни изнесува 36. Од инфекцијата закрепнале 71 пациент, така што вкупниот број на излечени од 14 јуни изнесува 494.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот