Нови 72 случаи на ковид – 19, 35 оздравени, нема починати

Луѓе и лекари пред инфективна амбуланта на клиника - корона пандемија (29)
Инфективна клиника Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 772 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 40, Охрид – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кавадарци, Струмица и Кичево – по 3, Битола – 2, Прилеп, Велес, Гостивар и Кочани – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 8 реинфекции.
Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Тетово и Кочани – по 2, Куманово, Кавадарци, Кичево, Битола, Крива Паланка и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст. Двете лица се починати во болнички услови. Лицата се починати во период од 05.06. до 09.06.2022 година.
Направени се 772 тестови преку: ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-17, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-16, Биотек-17, Систина-31, лабораторија Лаор-9, Синлаб-8, Ремедика-9, Плодност-10, Генеа-4, Никоб Лаб-31, ВФВ Медикал-4, Ели МедикаПлус-9, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 337.
Досега во земјата се направени вкупно 2.070.199 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.879, бројот на оздравени пациенти е 303.163, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 394.
Видео на денот