-2 C
Скопје

Нови 608 смртни случаи од ковид-19 во Велика Британија, најмногу од мај

Во Велика Британија денеска се регистрирани 608 смртни случаи од ковид-19, што е најголем број на починати од мај, соопштија локалните власти.

Обединетото Кралство исто така денеска регистрира 11.299 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е голем пад во споредба со претходните денови, кога Британците дневно имаа просечно 25.000 пациенти, а еден ден имаа над 33.000.

Сепак, денешните бројки се загрижувачки, бидејќи вчера во земјата имаше 203 смртни случаи, а денеска 608.

Најцрниот ден во Велика Британија беше на 21 април, кога починаа 1.116 лица.

Велика Британија досега евидентирала 1,538 милиони случаи на коронавирус, а починале 55.838 лица.

Прочитајте и...  РКЕ: Горивата од полноќ поскапуваат за денар до 1,5 денари по литар

Поврзани вести

Хаварисаните возила во Центар ќе одат во старо железо

Навални од притвор повикува на протести: Не плашете се, излезете на улица, излезете за себе и за својата иднина

Слободен печат

Полициски час, задолжителна работа од дома, носење ФФП2 маски се дел од новите мерки во Германија

Слободен печат

Затворен угостителски објект во Боговиње поради непочитување на ковид мерките

Слободен печат

ЕУ со нова надеж за вакцини за земјите од Западен Балкан

Слободен печат

ВИДЕО | Жителите од населбата Влае во страв: Тврдат дека биле сексуално вознемирувани од овој човек

Слободен печат

Остави Коментар