Нови 6.406 случаи на коронавирус во Мексико, починаа 668 лица

Мексико Сити/ Фото: Profimedia

Министерството за здравје на Мексико соопшти дека во последните 24 часа се регистирани 6.406 нови случаи на зараза со коронавирусот.

Починати се 668 лица од последиците на инфекцијата со Ковид-19, со што вкупниот број на жртви во Мексико достигна 37.574, пренесува Ројтерс.

Вкупно од почетокот на пандемијата се заразени 324.041 лица.

Мексиканската влада нагласува дека реалниот број на заразени е веројатно многу поголем од официјалниот.

Мексико е седма земја во светот по бројот на заразени, а четврта по бројот на починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот