Нови 508 случаи на ковид-19 во Црна Гора, 10 лица починаа

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во последните 24 часа во Црна Гора се тестирани 1.627 примероци, при што се регистрирани 508 позитивни случаи на коронавирус. 

Во тоа време се пријавени 10 смртни случаи од последиците на ковид-19, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата во Црна Гора се искачи на 469.

Притоа, до 17:30 часот се пријавени 492 пациенти излекувани од ковид-19.

Бројот на активни случаи сега се искачи на 11.126, додека од почетокот на пандемијата се регистрирани 33.316 заразени со коронавирус.

Извор: Вијести.ме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот