Нови 5.226 ковид случаи во Србија, во изминатите 24 часа починаа 36 лица

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Во претходните 24 часа во Србија починаа 36 лица од последици на инфекција со коронавирусот, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на епидемијата на 5.075.

Според податоци на Институтот за јавно здравје на Србија, потврдени се нови 5.226 случаи на инфекција кај 17.530 испитани лица, пренесува агенцијата Бета.

Моментно има 6.577 пациенти на болничко лекување, 228 повеќе отколку во претходниот дел, додека има 242 лица на кислородна поддршка или еден помалку од претходниот дел.

Смртноста во моментот е 0,89 проценти.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се тестирани 3.330.762 милиони лица, а присуство на ковид-19 е потврдено кај 571.895 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот