Нови 46 случаи на заразени во Словенија, полицијата не доби овластување да ги следи граѓаните без судска одлука

Медицински лица во Словенија / Фото: Архива

Бројот на заразени лица со коронавирусот во Словенија се зголеми на 802, откако вчера тестирањата потврдиле уште 46 случаи, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Портпаролот на Владата Јелко Кацин, објави дека изминатите 24 часа се направени вкупно 1.125 тестови.

Бројот на умрените од Ковид-19 се зголеми од 11 на 15, откако починаа уште четири пациенти кои според лекарите имале и други хронични болести.

Денес на домашно лекување се пратени уште шест лица кои беа хоспитализирани поради компликации предизвикани од коронавирусот.

Пропадна предлогот за давање широки овластувања на словенечката полиција со кои таа ќе можеше без судска наредба да ги следи движењето и комуникациите на сите граѓани за кои се сомнева дека се заразени со коронавирусот или се во домашен карантин.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана од партијата СМЦ (Партија на модерниот центар) кој е коалициски партнер во владата на Јанша Јанша, објавија дека издејствувале бришење на членовите 103 и 104 од новиот Закон за борба против коронавирусот кој денеска влегува во собраниска процедура.

Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, кој е од партијата на Јанша, изминативе денови изјавуваше дека ваков закон е потребен со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Ваквиот предлог предизвика многу реакции во јавноста, бидејќи дел од експертите сметаат дека можноста полицијата без судска наредба да следи и прислушкува луѓе се коси со темелните демократски вредности на Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот