Нови 414 случаи на ковид-19, оздравени 496 пациенти и седум починати

Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Во последните 24 часа се направени 1619 тестирања, а регистрирани се 414 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 496 пациенти, а седум лица починале, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се од: Скопје-187, Куманово-10,  Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Охрид-28, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-9, Ресен-7, Неготино-14.

Од починатите, тројца пациенти се од Скопје  на 81, 69 и 63 години, еден од Велес (79г), еден од Битола (70г), еден од Охрид (53г) и еден пациент од Кочани (63г).Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83743, бројката на оздравени пациенти е 61943, на починати е 2510, а бројот на активни случаи изнесува 19290.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 36150, активни 11286
• Куманово 4753, активни 519
• Дебар 640, активни 125
• Штип 3311, активни 237
• Прилеп 4248, активни 569
• Тетово 4777, активни 842
• Струга 2045, активни 312
• Велес 2777, активни 478
• Битола 3049, активни 540
• Охрид 2452, активни 536
• Кавадарци 2145, активни 566
• Гостивар 3393, активни 543
• Гевгелија 1170, активни 286 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2316, активни 614
• Крива Паланка 632, активни 126
• Радовиш 625, активни 111
• Крушево 167, активни 74
• Кочани 1604, активни 210
• Пробиштип 449, активни 41
• Демир Хисар 236, активни 37
• Македонски Брод 219, активни 27
• Пехчево 156, активни 32
• Берово 501, активни 48
• Валандово 314, активни 63
• Виница 447, активни 61
• Делчево 671, активни 207 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 17
• Свети Николе 1043, активни 91
• Кичево 1577, активни 221
• Ресен 651, активни 144
• Неготино 1032, активни 327 (161 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 402.444 тестирања на Ковид -19.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот