Нови 4.512 случаи на коронавирус во Србија, починати се 41 лице

коронавирус
Илустративна фотографија / Фото: ЕПА

Во последните 24 часа во Србија од последиците на коронавирусот починале 41 лице, додека 4.512 луѓе се новозаразени.

Како што се наведува на сајтот на српското Министерство за здравство, за време на тој период се тестирани 14.079 примероци.

Хоспитализирани се 7.116 лица, додека на респиратори се 252 пациенти.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Србија, починаа 5.231 лице, а процентот на смртност денеска изнесува 0,89.

Од почетокот на епидемијата во Србија се тестирани 3.388.114 примероци, а вирусот е потврден кај 590.018 лица.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот