Нови 347 случаи на ковид-19, починати 11 пациенти, оздравени 378

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Од 2013 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 347 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.
Од нив, 179 се во Скопје, 24 во Куманово, 18 во Охрид, 14 во Тетово, по 13 нови случаи има во Штип и Кавадарци, 11 во Велес, 10 во Делчево, по осум новодијагностицирани имаат Гостивар и Кочани, седум во Струмица, пет во Прилеп и Пробиштип, четворица во Струга,  Кичево, Дебар и Берово, тројца во Крива Паланка и Богданци, двајца во Свети Николе и Демир Капија и по еден нов случај во Битола, Гевгелија, Ресен, Виница, Крушево и Пехчево.
Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.).  Еден е починат вон, а останатите пациенти се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 378 оздравени пациенти: од Скопје-270, Куманово-13, Тетово-11, Прилеп-15, Гостивар-4, Штип-5, Битола-3, Велес-6, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-1, Кочани-4, Кичево-5, Свети Николе-2, Гевгелија-2, Неготино-4, Ресен-3, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-2, Богданци-1, Кратово-1, Крушево-1 и Пехчево-1.
Бројот на активни случаи е 11 269.  Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39 340, активни 6359
• Куманово 5103, активни 444
• Тетово 5021, активни 470
• Прилеп 4515, активни 249
• Гостивар 3570, активни 310
• Штип 3471, активни 169
• Битола 3186, активни 224
• Велес 3006, активни 315
• Охрид 2712, активни 367
• Струмица 2503, активни 359
• Кавадарци 2453, активни 359
• Струга 2169, активни 157
• Кочани 1712, активни 118
• Кичево 1693, активни 157
• Свети Николе 1065, активни 46
• Гевгелија 964, активни 113
• Неготино 949, активни 146
• Дебар 740, активни 121
• Ресен 721, активни 119
• Крива Паланка 712, активни 66
• Радовиш 683, активни 48
• Берово 576, активни 52
• Делчево 557, активни 172
• Пробиштип 497, активни 42
• Виница 482, активни 45
• Валандово 325, активни 22
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 240, активни 12
• Богданци 220, активни 35
• Кратово 213, активни 16
• Крушево 200, активни 38
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 182, активни 38
• Пехчево 178, активни 12
• Дојран 81, активни 7

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90 471, оздравени пациенти се 76 423, починати 2779. Досега се направени 441 134 тестирања на КОВИД-19. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот