Нови 31 заболени лица од коронавирус во Јужна Кореја

Јужна Кореја соопшти за 31 нов случај на коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број заразени е 82. Триесет случаи се пријавени во градот Даегу, 300 км јужно од главниот град Сеул, како и во соседната провинција Каонсандо. Во Сеул е потврден еден случај на заразен.

Даегу и Каонсандо се населени со пет милиони луѓе. Од 30-те нови случаи во Даегу, 23 пациенти имале контакт со 61-годишна Јужнокорејка, на која и бил дијагностициран коронавирус во вторникот. Се проценува дека заразила скоро 40 луѓе за време на црковните посети пред да даде позитивен тест за коронавирусот.

Здравствените власти соопштија дека се уште е нејасно како жената се заразила бидејќи немала никаков контакт со други носители на вирусот, ниту пак патувала во странство во последно време.

Во кинеската провинција Хубеи вчера беа потврдени 349 нови случаи на новиот коронавирус (Ковид-19), што е најниско од 25 јануари, соопштија денеска локалните здравствени власти. Во вторникот имаше 1693 случаи на заразени со новиот коронавирус. До денеска, вкупниот број потврдени случаи во Хубеи достигна 62.031. Повеќе од 10.000 од заразените се закрепнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот