Нови 30 странски инвестиции вредни околу 600 милиони евра

 Странските инвеститори и во услови на пандемија продолжуваат да инвестираат во земјава, се зголемува извозот и се најавени нови големи инвестициски циклуси.

Премиерот Зоран Заев при презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра, посочи дека во инвестицискиот план се вклучени и странски инвестиции кои претстојат.

Станува збор за неколку компании од Германија, од Белгија, САД, Швајцарија, Турција, Холандија, Словенија и други кои инвестираат во ТИРЗ-овите во Северна Македонија од повеќе индустриски сектори, како фармацијата, автомобилската, прехранбената, градежната индустрија, бројлерското производство, но и други области.

-Ова значи отворање нови работни места во сите региони, достоинствени плати, внес на нова технологија, раст на извозот и на севкупната економија, рече Заев.

Тој при тоа наброја 30 инвестиции во вреност од околу 600 милиони евра и отворање на неколку илјади нови работни места.

– Компанија од Германија, фабрика за амбалажа во фармацевтска индустрија, вредност на инвестицијата 120 милиони евра, нови работни места 180, ТИРЗ Скопје 2; Мултинационална компанија, проширување со нов објект, вредност на инвестицијата 17 милиони евра, нови работни места 100, ТИРЗ Скопје 1; Компанија од Италија, проширување со нов објект , вредност на инвестицијата 10 милиони евра нови работни места 50, ТИРЗ Скопје 3; Компанија од Германија, Проширување на производството, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 510, ТИРЗ Струга, Компанија од Германија, нова инвестиција и плус проширување во Битола, вредност на инвестицијата 30 милиони евра плус 26 милиони евра проширувањето во Битола, нови работни места 3000 плус 1230 во Битола, ТИРЗ Скопје 3.

Потоа компанија од Германија, нов погон во Куманово, вредноста на инвестицијата 16 милиони евра нови работни места 1.000, Куманово индустриска зона; компанија од Канада, производство на ретровизори за автомобили, вредност на инвестицијата 32 милиони евра, нови работни места 900, Индустриска зона Струга; Фарми за производство на бројлери, живинарски фарми на 11 локации, вредност на инвестицијата 20 милиони евра, нови работни места 1.000, започната во функција 30 отсто, а остатокот се гради.

Меѓу инвестициите се и на компанија од Турција, производствен капацитет, вредност на инвестицијата 12 милиони евра, нови работни места 215, ТИРЗ Скопје; компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 5 милиони евра, нови работни места 100, ТИРЗ Скопје 2; мултинационална компанија, проширување на производство, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 960, ТИРЗ Кичево, мултинационална компанија, проширување на производство, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 30, ТИРЗ Скопје 1, компанија од САД, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 13 милиони евра, нови работни места 880, ТИРЗ Тетово;
– Компанија од Белгија, развоен и истражувачки центар, вредност на инвестицијата 1 милион евра, нови работни места 15, ТИРЗ Скопје 1/

Следат компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 35 милиони евра, нови работни места 120, ИЗ Охрид; компанија од Германија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 15 милиони евра, нови работни места 100; компанија од САД, неколку нови проекти, вредност на инвестицијата за сите е 80 милиони евра, најновиот погон е 28 милиони евра, нови работни места 57, ТИРЗ Скопје 2; мултинационална компанија, нов проект, вредност на инвестицијата 20 милиони евра, нови работни места 300, ТИРЗ Скопје 1, компанија од САД, Производство на метална опрема, вредност на инвестицијата 13 милиони евра, нови работни места 80, ИЗ Жабени Битола; компанија од Швајцарија, производство биотехнологија, вредност на инвестицијата, 18 милиони евра, нови работни места 125, ИЗ Скопје; компанија од Турција, три производни линии под еден кров, вредност на инвестицијата 2 милиони евра, ИЗ Прилеп и компанија од Турција за производство на градежни материјали, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 120, ТИРЗ Скопје;

Две компании од Македонија, едната за производство прехрана, во вредност од 5 милиони евра, нови работни места 100, ТИРЗ Прилеп; другата во производствен погон, во вредност од 2 милиони евра и нови 194 работни места во Прилеп; Германска компанија, нов ДАТА Центар, вредност 20 милиони евра и нови работни места 35, Скопје; Компанија од Холандија, погон за козметички и хигиенски средства, вредност 10 милиони евра, нови работни места 188; Германска компанија, автомобилски делови, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 600, во ТИРЗ Скопје; Компанија од Словенија за автомобилски делови, вредност на инвестицијата 7 милиони евра, нови работни места 450, Скопје, како и компанија од Словенија, нов производствен погон, вредност на инвестицијата 30 милиони евра, нови работни места 120, ИЗ Пробиштип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот