Нови 3.860 случаи на коронавирус во Бугарија, речиси 200 починати во последното деноноќие

Девојка со заштитна маска против коронавирусот во Софија, Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 3.860 нови случаи на коронавирус, од извршени 19.210 тестирања, покажуваат податоците на Единствениот информативен портал во земјата, јави дописникот на МИА од Софија.

Според оваа унифицирана база на податоци, значи дека 20,09 отсто од тестовите извршени во Бугарија се позитивни.

Најголем број новозаразени има во главниот град Софија – 1.029, по што следат Пловдив – 384, Варна – 351, Стара Загора – 227.

Бројот на активни случаи во земјата изнесува 69. 644, од кои 10.402 се хоспитализирани, а 734 се наоѓаат на одделите за интензивна нега.

Во последните 24 часа излекувани се 2.996 лица, а бројот на умрени е 197, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија се зголеми на 13.786.

Вкупниот број на вакцинирани во Бугарија е 510.049, од кои 102.247 ги примиле двете дози на вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот