Нови 265 заразени во Србија, две лица починаа: Се воведуваат нови мерки против ковид-19

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 7.429 лица на коронавирусот, од кои позитивни се 265, соопшти српското Министерство за здравство.

Од таму соопштија дека од последиците на ковид-19 починаа уште две лица, со што вкупниот број на жртви се искачи на 772.

Бројот на хоспитализирани пациенти порасна на 365, додека на респиратори се 23 лица.

Заради влошената епидемиолошка слика во Србија, денеска заседаваше Кризниот штаб за борба против ковид-19 и донесе три нови мерки, односно одлуки:

– На локалните самоуправи им се забранува да издаваат било какви дозволи за организирање настани.

– Белградската арена од понеделник повторно станува ковид болница.

– Услужните објекти се должни да имаат одговорно лице за спроведување на мерките во објектите.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот