Нови 25 случаи на коронавирус во Србија, едно лице почина

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 4.534 лица, регистрирани се 25 новозаболени, а едно лице почина, со што вкупниот број на починати достигна 241.

На респиратор се девет лица, а бројот на излечени од почетокот на епидемијата е 6.438, покажуваат денешните податоци.

Во однос на вчерашниот ден, бројот на новозаразени е речиси половина. Вчера тој број изнесуваше 48, а бројот на починати беше ист како денес, односно едно лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот