Нови 22 случаи со Ковид-19 потврдени во Кина

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Во Кина потврдени се нови 22 случаи на коронавирус, исто колку што имаше и претходниот ден, пренесуваат светските медиуми.

Националната здравствена комисија соопшти дека сите случаи се од лица кои биле во странство, а нема локално пренесени инфекции.

Пријавени се и 17 нови асимптоматски случаи, јавува Ројтерс.

Од почетокот на пандемијата во Кина потврдени се 84.871 случаи на коронавирус, а починаа вкупно 4.634 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот