Нови 2.500 случаи на коронавирус во Ломбардија

Според новите податоци, во Италија починале 7503 лица, што значи повеќе жртви отколку во Кина, каде беше првото жариште на епидемијата.

Во италијанската провинција Ломбардија се пријавени нови 2500 случаи на инфекција со коронавирус.

– За жал, бројките не се многу убави, бројот на заразени лица премногу  се зголеми во однос на изминатите денови. Имаме 2500 нови инфекции, рече претседателот на Ломбардија, Атилио Фонтана.

– Мораме да процениме дали станува збор за нешто вонредно или за нагорен тренд, што сигурно не би било добро за нас, додаде тој, изразувајќи загриженост:

– Јас лично сум загрижен. Не знам дали е ова нов врв на заразата. Светската здравствена организација и нашите институции кажуваат што треба да се прави, а што не, вели тој.

Според новите податоци, во Италија починале 7503 лица, што значи повеќе жртви отколку во Кина, каде беше првото жариште на епидемијата.

Добрата вест за Италија е дека бројот на новозаразени е во опаѓање четири дена по ред, што укажува на стабилизација на кривата на епидемијата. Во таа земја сега се активни 57,5 илјади случаи на новиот коронавирус. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот