Нови 15 случаи на коронавирус во Албанија

Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 15 новозаразени со Ковид-19, оздравени се девет лица, а не се регистирани смртни случаи.

– Во последните 24 часа тестирани се 259 сомнителни случаи, при што диганостицирани се 15 лица или за 14 случаи помалку  споредено со вчера. Од почетокот на март до сега тестирани се 6.768 сомнителни случаи, од кои 678 биле позитивни, односно околу 10 отсто од вкупниот број тестирани  случаи, изјави Еугена Томини, од Институтот за јавно  здравје.

Додаде дека во текот на последното деноноќие на списокот на оздравени се додадени уште девет пациенти, со што бројот на оздравени се зголемил на 394 или 58,1 отсто од вкупно заболените.

Томини наведе дека продолжува трендот на оздравени пациенти и нивиот број изнесува 257 лица или 41,9 отсто од вкупно инфицираните. Додека од последици од новиот коронавирус починале вкупно 27  луѓе.

Таа посочи дека во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи” на лекување се 38 или четворица пациенти повеќе споредено со вчера. Од нив осум се на интензивна терапија од кои четворица во тешка состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот