Нови 115 случаи на коронавирус, седум лица починаа, а 40 се излекувани

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6. Починати се  7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•    Скопје 3394, активни 2007
•    Куманово 797, активни 244
•    Дебар 109, активни 57
•    Штип 374, активни 161
•    Прилеп 282, активни 56
•    Тетово 766, активни 392
•    Струга 265, активни 167
•    Велес 196, активни 43
•    Битола 61, активни 22
•    Охрид 204, активни 175
•    Кавадарци 21, активни 15
•    Гостивар 156, активни 93
•    Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•    Струмица 17, активни 9
•    Крива Паланка 16, активни 10
•    Радовиш 4, активни 0
•    Крушево 7, активни 3
•    Кочани 74, активни 21
•    Пробиштип 26, активни 17
•    Демир Хисар 2, активни 1
•    Македонски Брод 6, активни 4
•    Пехчево 6, активни 3
•    Берово 3, активни 0
•    Валандово 6, активни 2
•    Виница 3, активни 0
•    Делчево 1, активни 0
•    Кратово 5, активни 2
•    Свети Николе 42, активни 37
•    Кичево 48, активни 39
•    Ресен 122, активни 89
•    Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1032 теста се преку: ИЈЗ –480, Авицена –101, Биотек –130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори) -87, Систина  со PCR метода -90, ЦЈЗ Битола-31. Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•    Чаир – 415
•    Аеродром – 159
•    Бутел – 173
•    Гази Баба – 207
•    Центар – 150
•    Карпош – 167
•    Сарај – 154
•    Кисела Вода – 118
•    Ѓорче Петров – 116
•    Студеничани – 115
•    Шуто Оризари – 93
•    Арачиново – 51
•    Илинден – 33
•    Петровец – 16
•    Чучер Сандево – 18
•    Сопиште – 13
•    Зелениково-7
•    Странец – 2
•    Нераспределен- 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот