Нови 111 случаи на коронавирус во Србија, починаа три лица

До денес во националната референтна лаболотирија на Институтот Торлак, тестирани се вкупно 5.008 лица кои ги исполнувале критериумите на дефиниција на случајот.

Во изминатите 24 часа во Србија од тестирани 637 лица потврдени се уште 111 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1.171 лице, соопштено е на сајтот Ковид19.рс на министерството за здравство.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, членот на владиниот кризен штаб, лекарката Дарија Кисиќ за РТС изјави дека денес се регистрирани уште три нови починати, со што вкупниот број на починати се искачи на 31 лице.

До денес во националната референтна лаболотирија на Институтот Торлак, тестирани се вкупно 5.008 лица кои ги исполнувале критериумите на дефиниција на случајот.

Денешната редовна владина прес конференција во 15 часот е одложена, а за во 18 часот по седницата на кризните штабови најавено е обраќање на јавноста на претседателот Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот