Нови 11 случаи на коронавирус во Грција, четири лица починаа

Фото: EPA-EFE/PANTELIS SAITAS

Во изминатите 24 часа во Грција починаа уште четири лица од Ковид-19, а вкупниот број на жртвите се зголеми на 134, додека пак регистрирани се нови 11 случаи на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, вкупниот број заразени лица е 2.517, од кои 55,5 отсто се мажи.

Хоспитализирани и приклучени на апарати се 46 лица, а од одделите за интензивна нега отпуштени се 64 пациенти.

Во однос на смртните случаи, бројката се зголеми на 134, откако починаа уште четворица, а просечната возраст на починатите била 74 години.

Досега во Грција се анализирани 64.608 примероци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот