Нови 1.695 случаи на коронавирус во Србија, починаа 31 лице

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Во последните 24 часа во Србија починаа 31 лице од последиците на заразата со коронавирус, при што бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 6.227.

Според податоците на Институт за јавно здравство на Србија, потврдени се 1.695 нови случаи на зараза меѓу 8.956 тестирани лица.

На болничко лекување се 5.601 ковид пациент, 98 помалку од претходниот пресек, додека на респиратори се 202 лица, седум помалци од вчерашните податоци.

Смртноста моментално изнесува 0,92 отсто.

Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 3.775.363 лица, а присуството на вирусот е лабораториски потврден кај 679.667 лица.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот