Нови 1.292 заразени со ковид-19 во Словенија, починаа 51 лице

Болница во Словенија/Фото: EPA

Во Словенија во последните 24 часа со направени 5.868 тестови за ковид-19, при што се регистрирани 1.292 новозаразени, а од последиците на ковид-19 починаа 51 лице, објави словенечката влада, која во четврток ќе одлучува кои мерки ќе останат на сила, а кои можеби ќе бидат олеснети.

Вкупниот број на потврдени заразени се зголеми на 77.106, од кои 20.140 се активни случаи.

Според последните податоци на тамошното Министерство за здравство, во болниците од ковид-19 се лекуваат 1.298 пациенти, што е пораст од 36 во однос на еден ден претходно. На интензивните одделенија на ковид-болниците има 202 лица во тешка состојба, пет повеќе од претходниот ден.

Со најновите смртни случаи од последиците на ковид-19 вкупно бројот на починати се зголеми 1.435.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот