Нови 1.182 заразени од ковид-19, починаа 25 пациенти, оздравении се 707 лица

Пензионер / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3109 тестирања, а регистрирани се 1182 нови случаи на ковид-19.

Во Скопје има 544 новозаболени, Куманово-48,  Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Охрид-38, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4,  Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти од: Скопје-375, Куманово-33, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-53, Велес-29, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-17, Гостивар-21, Гевгелија-18,  Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-2, Делчево-3, Кратово-3, Свети Николе-9, Неготино-17.

Починати се 25 лица, шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53631, бројката на оздравени пациенти е 31659, на починати е 1487, а бројот на активни случаи изнесува 20485.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот