Нови 1.154 случаи на коронавирус во Русија, во Иран заболеле повеќе од 2.000 луѓе за 24 часа

Фото: МИА

Во последните 24 часа во Русија се забележани нови 1.154 случаи на заболени од коронавирусот, со што вкупниот број на заразени достигна речиси 7.500 во 81 руски регион, соопшти денеска Центарот за борба против коронавирусот.

Досега во Русија од вирусот починаа 58 лица, а 494 се излекуваа, пренесува Тас.

Претходниот ден беа пуштени 88 лица кои се излекувале, а 11 починаа.

Во само четири руски региони не е забележан ниту еден случај на заболени, а најмногу заболени има во Москва – 697, каде се заразени вкупно 5.181 лица.

Во Иран 2.089 нови случаи на коронавирус, вкупно 62.589

Во Иран во последните 24 часа регистрирани се 2.089 нови случаи на зараза од коронавирусот, вкупно 62.589 случаи досега, потврди портпаролот на иранското министерство за здравство, Кијануш Џаханпур.

Џаханпур за националната телевизија изјавил дека од последиците на заразата на коронавирус во земјата вкупно умреле 3.872 луѓе, од тоа 133 во вчерашниот ден.

Тој исто така рекол дека 3.987 пациенти заболени од Ковид-19 се наоѓаат во критична состојба, пренесува Тас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот