Нови 1.126 лица позитивни на ковид-19 во БиХ, 38 лица починаа

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Во последните 24 часа 1.126 лица се позитивни на коронавирус во Босна и Херцеговина, од 3.720 тестирани, а од последиците на вирусот починаа 38 лица.

Вкупниот број на тестирани лица сега изнесува 284.504, додека ковид-19 е потврден кај 58.564 луѓе.

Во Федерацијата БиХ во последните 24 часа се излекувани 387 пациенти, со што вкупниот број на излекувани изнесува 38.922, додека 18.023 лица се активни случаи. Од последиците на ковид-19 во последните 24 часа починаа 19 лица.

Во Република Срспак се пријавени 19 смртни случаи, додека вкупниот број на излекувани пациенти изнесува 16.245, а тестирани се вкупно 135.421 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот