„Новавакс” повторно го одложи тестирањето на третата фаза од вакцината во САД

epa08534373 Novavax Inc. headquarters in Gaithersburg, Maryland, USA, 08 July 2020. The company received a 1.6 billion US dollar award from the US government to further develop its experimental COVID-19 vaccine. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американскиот производител на вакцини „Новавакс” денеска соопшти дека повторно го одложува почетокот на последната фаза од тестирањето на експерименталната вакцина против коронавирус во САД и додаде дека очекува тестирањето да почне во следните недели, место во ноември.

Ова е вторпат „Новавакс”, чие тестирање на вакцината во Велика Британија е во втората фаза и веќе е во тек, да го одложува тестирањето на третата фаза, откако тоа го стори и во октомври.

Британските медиуми пренесуваат дека заради новото одложување има пад на вредноста на акциите на оваа компанија од шест отсто, а која во развојот на вакцината заостанува зад „Фајзер” и „Модерна”.

Компанијата, исто така, сооошти дека ја завршила регистрацијата на 15.000 учесници во истражувањето во Велика Британија и дека привремените податоци ги очекува во првиот квартал од 2021 година. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот