Новата ѕвезда на Барса, Лука Циндриќ - Слободен печат
РакометСпорт

Новата ѕвезда на Барса, Лука Циндриќ

Хрватот Лука Циндриќ кој своевремено ги бранеше боите на Вардар, и официјално е нов ракометар на славната екипа на Барселона.

Циндриќ со Барса потпиша договор на четири години, а пред да се пресели на „Блауграна“ настапуваше за полскиот Келце.

Уште во првиот момент кога дозна за понудата од каталонскиот гигант, не можеше да поверува и без многу размислување истата веднаш ја прифати.

– На сите им е јасно какви амбиции има Барселона. Да, во последните неколку години нема освоено титула во Лигата на шампионите, можеби баш поради тоа што недостасуваше играч од нашите простори. Сигурно ќе бидат големи очекувањата од мене, но подготвен сум за овој предизвик – рече Циндриќ.

Со Вардар успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, а лани со Келце се најде на Ф4 турнирот во Келн, но остана без трофејот.

Токму пред две години со „црвено-црните“ во полуфиналето со еден фантастичен удар во последните секунди ја елиминираше Барса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close