„Новата жена“ Ени Лондондери, прва жена која го обиколила светот со велосипед

фејсбук

Наспроти она што некој може да помисли, Ени Лондондери не била професионална велосипедистка. Пред да започне со оваа авантура, таа никогаш не возела велосипед!

Нејзината храброст и желбата да го постигне она што многумина сметале дека е невозможно, ја натерале да го обиколи светот со велосипед.

Овој потфат го започнала како резултат на обложување со некои важни претприемачи кои ѝ ветиле награда од 20.000 долари (во тоа време оваа сума била огромна!), но условот бил да го направи тоа за помалку од 15 месеци!

Ени Лондодери не само што го обиколила целиот свет, туку по оваа авантура, преку предавања и со публицитет, заработила многу повеќе од ветените пари.

на почетокот на патувањето добила поддршка во вредност од 100 долари, и тоа само од компанијата „Лондондери“, со цел да ја носи нивната реклама на патувањето. Оттука го добила и презимето Лондондери. Фото – Фејсбук.

Да го обиколите светот со велосипед? Можно е! Ени Коен Копчовски, позната како Ени Лондондери, успела во тоа. Била со латвиско потекло, а емигрирала во САД со своето семејство на петгодишна возраст. Смртта на нејзините родители, животот со браќата во хаотичната улица Спринг Стрит во Бостон, бракот со уличниот продавач Сајмон и трите деца зачнати на почеток на полнолетството го обележале нејзиниот живот во младоста.

Сепак, Ени била жена со слободни размислувања, со револуционерни ставови за времето во кое живеела. Била родена во 1870 година, а оставила белег на своето време по тоа што секогаш ја предизвикувала околината во која била израсната. Во светот кој бил премногу машки, таа го прифатила предизвикот и ја обележила историјата, давајќи важен придонес кон афирмацијата на правата на жените и станала модел за слободна жена.

Во февруари 1894 година, еден студент од Харвард под псевдонимот Пол Џонс се обидел за прв пат да го обиколи светот со велосипед, обложувајќи се на 5.000 долари. Зделката не успеала, но обложувањата не завршиле со овој обид. По него, предизвикот го иницирале двајца Американци – докторот Алберт Ридер и полковникот Алберт Поуп – кои се обложиле на 20.000 американски долари дека ниедна жена нема да успее да го обиколи светот со велосипед. Со потсмев и арогантен став, мажите во Бостон се шегувале на овој потфат, кога се појавила Ени, мајка и сопруга, без какво било искуство на две тркала – но пред сè жена. Лондондери неочекувано го прифатила предизвикот. Нејзин верен придружник на патувањето бил велосипедот тежок 42 килограми.

27 јуни 1894 година бил датумот на нејзиното поаѓање, во 11 часот според локалното време. Со себе носела пиштол, неколку облеки и неколку книги за патувања. Трганала од Бостон, поминала низ Њујорк, Охајо, Илиноис. Но, секако не останала само во Америка, продолжила во Франција – Париз, Лион, Марсеј – кон Египет, па од Израел до Јемен, од Шри Ланка до Сингапур, од Виетнам до Кина…

Секако, патувањето не било лесно, доброто време ѝ дозволувало да вози велосипед до десет милји дневно. Но, со доаѓањето на зимата, задачата станала потешка. Затоа морала елечето и здолништето да ги замени со машки костум и така да продолжи да вози. Детал кој значително ја револуционирал женската облека.

Поголем дел од патот возела во машка облека што во тоа време било своевиден скандал. Фото Фејсбук

Машкиот костум ѝ овозможил поголема слобода во движењето, а велосипедот имал само една брзина и бил без сопирачки. Ништо не ја спречило Ени, дури ни бирократските проблеми ни конфискацијата на превозното средства на француската царина. Несреќите, тешките патишта и несоодветната клима не ја исплашиле оваа жена.

На враќање во САД минала низ Стоктон, Санта Барбара, Лос Анџелес, Феникс, Ел Пасо, Санта Фе, Лас Вегас…, поминала низ Небраска, Мисури, Илиноис за да се врати во Масачусетс. Така, на 24 септември 1895 година, 24-годишната Ени стасала дома, во Бостон, привлекувајќи го вниманието на медиумите и добила спонзорства и поддршка кои ѝ недостасувале на почетокот на предизвикот. Имено, на почетокот на патувањето добила поддршка во вредност од 100 долари, и тоа само од компанијата „Лондондери“, со цел да ја носи нивната реклама на патувањето. Оттука го добила и презимето Лондондери.

„Најневеројатното патување што некогаш го направила жена“, пишувале весниците. Сите го промениле мислењето не само за Лондондери и нејзиниот потенцијал, туку и за моќта на жените воопшто. Негативните и навредливите коментари пред почетокот на патувањето се претвориле во пофалби и извинувања.

Иако основниот облог бил 20.000 долари, од спонзорите добила само пет, но заработила многу повеќе од нови спонзорства и од медиумската експонизраност. Во секоја прилика изјавувала дека таа не се бори само за себе, туку и за жените кои сè уште живеат во состојба на нееднаквост, почнувајќи од критиките упатени кон облеката.

Фејсбук

Во 2007 година, правнукот на Ени, Питер Зетлин, ја објавил книгата „Околу светот“ во чест на годишнината од смртта на Ени Лондондери. Во 2011 година, уметникот Евалин Пари претставил перформанс – чија главна тема бил велосипедот – и кој вклучувал песна за оваа храбра жена, „Баладата на Ени Лондондери“. Конечно, Џилијан Клемпнер Вилман продуцирал 26-минутен документарец со наслов „Новата жена – Ени Лондондери“, кој дебитираше во февруари 2013 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот