Новата учебна година во Австрија ќе почне нормално и без маски

Училиште Фото: Профимедиа

Новата учебна година во Австрија, според идејата на министерот за образование Хајнц Фасман, ќе почне нормално и без маски за време на настава.

Министерот ќе го претстави својот конечен план за новата учебна година кон средината на овој месец.

Според локалните медиуми, јасно е дека Фасман сака нормален почеток на учебната година во септември.

За разлика од последните два месеци од изминатата учебна година, кога одделенијата беа поделени и се одржуваше настава во смени, од септември сите деца треба повторно во исто време да одат на часови, како во нормални услови.

Планирано е повторно да почне и наставата по музика и физичко образование.

Ограничувањата ќе се применуваат само доколку новиот „систем на семафори”, кој ја покажува состојбата на „заразеност” во општината, се смени зелено во жолто, портокалово или црвено светло.

Кога тоа ќе се случисе очекуваат препораки од Министерството за здравство за натамошно дејствување.

На жолто и портокалово се очекува укинување на пеењето, а часовите по физичко ќе бидат преместени од сала под отворено небо.

Може да се очекува и делумна обврска за носење маска.

Кога семафорите ќе покажат црвено светло, тоа ќе значи дека во таа општина училиштата ги затвораат вратите и децата почнуваат да учат од дома.

Во однос на обврската за носење маски во училиштата, Фасман се спротивстави на барањето на синдикатот на наставниците. Според него, невозможно е да се бара од децата шест часа да носат маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот