Новата сезона во Серија А ќе започне на 19 септември

фото: твитер

Како што информираат италијанските медиуми официјално новата сезона 2020/21 во Серија А ќе стартува на 19 септември.

Истата во најсилното италијанско првенство се очекува да заврши на 23 мај 2021 година.

И следната сезона екипата на Јувентус ќе ја брани титулата, додека нашата земја повторно ќе ја претставуваат тројца македонски репрезентативци.

Елиф Елмас во дресот на Наполи, потоа Илија Несторовски со Удинезе и Горан Пандев кој во последното коло со Џенова успеа да обезбеди опстанок.

На 1 септември во Италија ќе започне преодниот рок, а според најавите ќе заврши на 5 октомври 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот