Новата сезона во кошарската прва лига стартува на 15 октомври

фото: КК МЗТ Скопје

Со денешната ждрепка во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) е одреден комплетниот распоред за првата фаза во новата сезона од Првата лига. Но новото издание на Првата лига кое ќе стартува на 15 октомври, ќе учествуваат 11 екипи и во првиот дел од сезоната ќе се одиграат 22 кола и во секое коло по една екипа ќе биде слободна.

Шампионот МЗТ Скопје, одбраната на трофејот ќе ја започне пред своите гледачи и тоа против екипата на Куманово. Најтрофејниот кошаркарски колектив, Работнички му гостува на дебитантот во Првата лига, Академија ФМП.

Ждрепката одлучи вечното дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички да се одигра по последното коло од двете фази, во 11. и 22. коло, а првата средба ќе се одигра на теренот кој центарци ќе го пријават за домашен, ако на сила остане забраната за играње во „Градски парк“, додека вториот дуел ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ЗА 1 КОЛО:
Академија ФМП – Работнички
Еуроникел – Гостивар
Кожув – АВ Охрид
Вардар – Пелистер
МЗТ Скопје – Куманово
МЗТ 2 слободен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот