Новата сезона во Формула 1 нема да стартува во Австралија

фото: твитер

Поради пандемијата на коронавирусот одложен е почетокот на новата натпреварувачка сезона 2021 во „најбрзиот циркус на светот“.

Наместо во Австралија, новата сезона во Формула 1 ќе стартува во Бахреин (26-28 март) на патеката Сахир.

Трката во Мелбурн ќе се одржи многу подоцна од вообичаеното, во периодот од 19-21 ноември 2021 година.

А покрај Австралија, поместена е и Големата награда на Кина која требаше да се одржи на 11 април, односно и натаму се водат разговори околу новиот термин.

Во календарот додадена е трката на патеката во италијанската Имола (18 април) која се враќа во Ф1, додека празен термин е 2 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот