Новата Рејчел: Фризурата на Џенифер Анистон која би можела да ја надмине класиката од 90-те

Џенифер Анистон како Рејчел Грин/Profimedia

Ако за некоја фризура може да се каже дека одбележила едно десетлетие и станала класика, тогаш тоа е фризурата на Рејчел Грин, ликот што го толкуваше Џенифер Анистон во „Пријатели“.

Џенифер Анистон како Рејчел Грин/Profimedia

Фотографијата од омилената „пријателка“ жените низ цел свет ја носеа кај своите фризери со надеж дека од салонот ќе излезат со уверлива копија на популарната фризура, а повеќе од 25 години подоцна дојде време за нова „Рејчел фризура“.

Крис Мекмилан, долгогодишниот пријател и стилист на Анистон, кој е заслужен и за оригиналната фризура, одлучил глумицата сега наместо совршено испеглана коса да носи природна, благо брановидна фризура со патец на сртедина.

Ваквата фризура повеќе ѝ се допаѓа и на Анистон, која своевремено изјавила дека ја мразела фризурата на Рејчел која било тешко да се одржува поради нејзината природно густа и виткана коса.

Па, така сега ова би можело да стане новата омилена фризура на жените низ светот.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот