Новата партија на Тортевски на иницијативен одбор: Да ја направиме Македонија пристојно место за живеење

Фото: ТВ Телма / принтскрин

Во Кинотека на Македонија започна отворениот состанок на иницијативниот одбор на новата партија на адвокатот Александар Тортевски која ќе се вика „Твоја партија“, пренесува Фокус.

Меѓу присутните може да се забележат и професорката Мирјана Најчевска и актерката и активистика Ирена Ристиќ.

– Македонија да ја направиме пристојно место за живеење, тоа е голема задача, можеби и невозможна, но не се откажуваме.Веќе 30 години имам ангажман во таа насока и тешко ни оди,но не се откажуваме – изјавил Тортевски, пренесува Фокус.

Тој додал дека приоритети на новата партија ќе бидат екологијата и економијата.

-Заеднички именител за сите проблеми ни е сиромаштијата.Лошо ги дистрибуираме и оние малку пари што ги имаме.Не може пари да има за одреден сегмент а деца да лечиме со донации, истакна Тортевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот