Новата книга на Сноуден трн во око на американските служби

Фото: Профимедиа

Американската влада понесе тужба против информаторот и свиркачот Едвард Сноуден. Тие тврдат дека неговите новообјавените мемоари „Permanent Record“ ги кршат договорите за неоткривање на нови податоци кои ги потпишал со ЦИА и НСА, објави „Телеграф“.

Граѓанската тужба, која е поднесена денес, наведува дека Сноуден го прекршил договорот така што не го испратил првичниот нацрт на книгата на двете агенции на преглед, пред нејзиното објавување.

Исто така, се наведува дека јавните настапи на свиркачот за „прашања поврзани со разузнавачки податоци“ исто така го прекршиле договорот.

– Разузнавачките информации би требало да ја штитат нашата држава, а не да овозможуваат личен профит. Со оваа тужба ќе се осигуриме дека Сноуден нема да прими парична корист од кршење на довербата – рече Закари Тервилиџер, американскиот обвинител за источниот округ на сојузната американска држава Вирџинија.

Сноуден во 2013 година отрки доверливи информации додека работеше за агенцијата НСА. Тој избега во Хонгконг, а потоа и во Русија, каде се наоѓа и денес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот