Новата книга на неуморниот писател за деца Васил Мукаетов е со наслов „Чукни, чукни три пати“

Неуморниот писател за деца Васил Мукаетов и во летниот период не престанува да ги изненадува, и радува, децата со нови поетски стихови. Неодамна излезе неговата нова книга „Чукни, чукни три пати“ во едицијата „Читанка“ на „Либи“ при „Арс ламина – публикации“. На стотина страници книгата содржи песнички за деца напишани на разговорен јазик со мотиви од современото детско секојдневие.

Според книжевниот критичар Васил Тоциновски, во своите стихови Мукаетов го третира современото урбано дете како рамноправен партнер, а притоа „лесно и ненаметливо, духовито и благо хумористично тој создава стихови што пресоздаваат и игралито допираат до срцето на читателот“.

– Добрата литература за деца става акцент токму на чувствителното и карактерното растење и созревање. Таа, незабележително, лесно, го пренесува читателот од брегот на детството до брегот на возрасните. Во тоа лежи и нејзината порака – да му се помогне на малиот човек во сложениот процес на себеспознавањето и да му покаже дека во тој процес тој не е сам. А токму стиховите на Васил Мукаетов ставаат акцент на тоа чувствително и карактерно растење и созревање – констатира д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 91, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 јули – 2 август 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот