Новата Катица ќе ја бираат обвинители, а не Заев и Мицкоски - Слободен печат

Новата Катица ќе ја бираат обвинители, а не Заев и Мицкоски

Премиерот Зоран Заев и првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги испружија нозете колку што им се долги, но очигледно заборавија дека чергата им е прекратка, коментираат правните експерти откако лидерите на двете најголеми политички партии свесно или несвесно си дозволија да предложат свои фаворити за наследници на специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева.

Според правниците, ниту едниот, ниту другиот, немаат право да даваат било какви предлози, бидејќи, како што велат, единствениот орган што може да предложи нов шеф на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е Советот на јавни обвинители. Како што коментираат експертите, ваквото наметнување и промовирање кадри од страна на политичарите е неприфатливо и крајно непрофесионално. Поради тоа нивно избрзано дејствување надвор од нивните ингеренции, велат правниците, целиот тој процес околу донесувањето на законот за јавно обвинителство и инкорпорирањето на СЈО во ЈО, може да се претвори во класичен циркус, или, на крајот на краиштата, во евтино реално шоу.

Премиерот Заев минатата недела несмасно ја предложи Вилма Рускоска за позицијата прв човек на идното „СЈО“, а завчера, пак, Мицкоски, во обид да биде духовит, за наследник на Јанева го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски.

– Таканаречениот репрезент на „Рускоска обвинителството“. Тоа е исто како ние сега да предложиме човек кој навистина има репутација, кој има кредибилитет, кој е биран со години дека е најдобар меѓу луѓето кои се репрезенти во таа фела. Тоа е господинот Владимир Панчевски. Зошто да не го избереме него? Зошто тоа да не биде човекот кој ќе го води тоа ново обвинителство – праша Мицкоски.

Прочитајте и...  Во државава нема сомнителни случаи на коронавирусот, да се почитуваат мерките за превенција

Веднаш по ова премиерот Заев се попишмани од предлогот за Рускоскa, па посочи дека обвинителите може да ги избира само Советот на јавни обвинители.

– Не ја предложив јас Рускоска за шеф, не ми се допаѓаше ни мене пред пет, седум, девет години, но кој ме прашува за тоа? Обвинителите ги бира Советот на јавни обвинители и никој друг. Во Обвинителството постои субординација и координација. Тоа е нормален процес. Решението што ВМРО-ДПМНЕ го бараше и написмено во овие работни групи беше да се откажеме во опстојување на самостојноста на СЈО во идниот период, да не биде посебно одделение, туку да се припои. Го направивме тоа. Верувам дека имаме решение и дека овие денови ќе ги отвориме дебатите. Треба да ѝ помогнеме на државата и ова прашање да го тргнеме од дневниот ред – рече Заев.

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов вели дека е потполно несфатлив потегот на премиерот, но и на опозицискиот лидер, да предложат свои фаворити за наследници на Катица Јанева. Како што посочува Андов, овде станува збор за класично мешање на политиката во правниот систем.
– За мене е неразбирливо и никако не можам да си објаснам зошто политичките лидери понудија свои кандидати за шеф на новото обвинителство. Тоа е неприфатливо и самите политичари треба да знаат дека се мешаат онаму каде што не им е местото. Советот на јавни обвинители е конституиран и само тој може да го изврши изборот. Апелирам до Заев и до Мицкоски да се тргнат настрана и да ги остават институциите да го решаваат ова прашање – вели Андов.

Прочитајте и...  „Вашингтон пост“ ја врати на работа суспендираната новинарка по објавите за Коби Брајант

Панчевски: Ме предлагаат или сум лош пример?

Предлогот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски токму разрешениот судија Владимир Панчевски да биде шеф на новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, предизвика прашалници кај самиот судија. Според реакцијата на Панчевски на Фејсбук, очигледно не му е потполно јасно дали Мицкоски бил сериозен кога го предложил или само сакал да посочи лош пример.
„Ме предлагаат или сум лош пример? Едните се за, другите се против, предлогот е добар само доколку зад тоа стои народот на јавни и непосредни избори, само тогаш ќе има гаранции за еднаква правда за сите“, напиша Панчевски.

Илиев: Да не се дозволи мешање на политиката

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев, во интервју за Фактор потврди дека единствениот што може да го предложи новиот шеф на СЈО е Советот на јавни обвинители.
– Мислам дека е нарушена состојбата во СЈО и добро е тоа да се спои со Обвинителството за организиран криминал. На прашањето кој ќе го предводи тоа обвинителство може да одговори само државниот јавен обвинител кој според Уставот е доминус по ова прашање и тој не треба да дозволи политичарите да му се мешаат во работата – истакна Илиев.

Прочитајте и...  Ќучук: Владата што ќе биде формирана по изборите да го продолжи европскиот пат и започнатите реформи

ВМРО-ДПМНЕ: Предметите на СЈО да заминат кај Јовески

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги преземе сите предмети од СЈО покренати на ниво на обвинение до 30 јуни 2017 година, а не обвинителот кој треба да раководи со новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Државниот јавен обвинител да ги преземе во фаза во која што се моментално. Дали се во фаза на разгледување докази, распит на сведоци, завршни зборови, жалби пред Апелација и тн. И согласно препораките на експертската јавност, тие процеси да ги распредели на обвинителствата таму каде што припаѓаат – рече Мицкоски.

Прочитај повеќе

Петти случај на коронавирус во Франција

Слободен Печат

Бугарин со специјално модифицирано возило се обидел да внесе 30 килограми хероин во Србија

Слободен печат

Шпанија можеби нема да земе учество во Самитот во Загреб поради Косово

Слободен Печат

Трамп го потпиша новиот трговски договор со Канада и Мексико

Слободен печат

Гори нафтен танкер во Персискиот залив (ВИДЕО)

Михаило Донев

Ахмети: Малите партии да не креираат илузии дека ќе ја победат ДУИ

Слободен печат

Остави Коментар

four × 4 =

Прочитај повеќе

Трамп го нападна Болтон: Молеше за функција за која не треба потврда од Сенатот

Слободен Печат

Русија го прекина железничкиот сообраќај со Кина

МИА Агенција

Силите на САД минатата година во Авганистан фрлиле 7.423 бомби

Слободен печат

На Народната библиотека во Белград осамнаа нацистички и расистички графити

Слободен печат

Ден на жалост во Косово поради смртта на полицаецот Тачи

Слободен Печат

Грета поднесе пријава за да си го заштити името и движењето од комерцијална злоупотреба

Слободен печат