Новата фотографија на Бред Пит предизвика вистинска возбуда: Успешна реклама?

Instagram
Instagram

Неверојатните фотографии направени во 2019 година за списанието „GQ“, благодарение на фотографот Лахлам Бејли, беа толку популарни што Бред Пит реши да искористи една од нив за својата кампања, со која го најави лансирањето на скапи вина со негов потпис.

Кога некој е толку славен низ цел свет, холивудска ѕвезда со години, тогаш не е ни изненадувачки тоа што тој точно знае што е потребно за успешна промоција на сопствен бренд.

По повод издавањето на „Miraval Rosé 2020“ кое треба да се појави на пазарот на почетокот на февуари, Брет Пит реши да ја почне првата кампања – чие заштитно лице е самиот тој!

Иако не направи специјална фотосесија за таа цел, тој искористи фотографија направена во 2019 година за време на снимањето на насловната страница на списанието „GQ“, за што апсолутно никој не може да го обвини.

Instagram
Instagram

Вака Бред Пит, реши да им соопшти на луѓето ширум светот кое розе вино го произведува.

Инаку, ова вино е произведено на француски имот што го купил заедно со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, а на кое минатото лето ја однесе неговата, сега веќе поранешна девојка, германската манекенка Никол Потуралски.

Црно-белата фотографија што тој решил да ја искористи за кампањата ја направи славниот фотограф Лахлан Бејли, на која Брет Пит е целосно опуштен уживајќи во сончевите зраци покрај базен, облечен во џемпер и долги панталони, со капа и очила за сонце.

Погледнете ја фотографијата:

Instagram
Instagram

На имотот во Франција, во сопственост на поранешните сопружници, се произведува вино уште од 2012 година кога тој и Анџелина го купија, но ова е втор пат да користи своја фотографија за промоција на брендот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот