Новата Барби има витилиго и нема коса

printscreen youtube

Легендарната кукла на „Мател“ Барби е сè повеќе инклузивна – пристигнуваат новите модели кои имаат специфична цел : да промовираат инклузивност и различност.

Збогум на класичната кукла „Барби“ со недостижна убавина. Барби повторно се менува и станува сè повеќе инклузивна. „Мател“, производителот на најомилената играчка во светот, воведе модел со витилиго и друг модел без коса, со специфична цел: да покаже поинаков вид на убавина и мода.

„Она што нè прави различни, нè прави убави“ со овој пост на социјалните медиуми, Метел ги објави новите модели кои се фокусираат на инклузивност и различност. Меѓу новите кукли, исто така, е и Кен, со црвена коса и уште еден модел – со долга коса. Новите „Барби“ вклучуваат и модели со различни бои на кожата, различна висина и различни форми на телото, како и модел во инвалидска количка.

Рекламирани од производителот на играчки се наведува „Ова е Барби“ и, веднаш потоа, „И ова е и Барби“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот