Новата американска амбасадорка воодушевена од гостиварската баклава: ШТО ДРУГО БИ И ПРЕДЛОЖИЛЕ ДА ПРОБА?

Новата амбасадорка на САД, Кејт Мери Брнс во Охрид се сретна со премиерот, Зоран Заев. На пат назад за Скопје, Брнс се пофали на социјалните мрежи дека ја пробала гостиварската баклава. Таа ги прашува граѓаните што предлагаат друго да проба додека патува низ земјава.

„На пат назад за Скопје, амбасадорката Брнс ја проба познатата Рекорд баклава во Гостивар и смета дека е апсолутно превкусна. Што предлагате амбасадорката Брнс да проба додека патува во Скопје и низ земјата?“, стои на официјалниот фејсбук профил на американската амбасада.

Граѓаните на Фесјбук и предлагаат да проба леб со пита, пастрамајлија, тавче гравче, домашно правен ајвар, мекици од Стража, бурек или варен геврек

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот