Новаковски: Најголем предизвик е ДИК да не подлегне под партиските притисоци

Шпекулациите кои се појавија овие два дена околу резултати од гласањето се апсолутна лага! Не постои можност никој да знае, уште помалку да се даваат резултати. Партиите и со својата машинерија не можат тоа да го знаат, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Александар Новаковски, поранешен претседател на ДИК.

-ДИК се надевам дека успешно ги заврши едукациите. Ако земеме дека изборниот прцес се следи од распишувањето на изборите па се до изборниот ден, тука главен фактор се избирачките одбори. Се надевам дека се излечени детските болести околу отворањето на избирачките места. најголем предизвик ќе биде избирачките одбори да си ја завршат работата, бидејќи тие се клучните луѓе. Да не се дозволи групирање на избирачките места, да се соберат резултатите. Нерегуларноститте треба веднаш да се пријават и мислам дека во сета оваа здравствена криза добро се организирани избирачките одбори, рече Новаковски.

-Можноста на партите да влијаат на ДИК во текот на изборниот ден е сведена на минимум. Тие може да се појават кога ќе се одлучува околу некои евентуалчни приговори, но доколку избирачките одбори ја завршат својата работа како што треба тогаш и тука можноста е сведена на минимум. Јас сум оптимист и мислам дека сите мерки на заштита се преземени.

Целиот разговор со поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот