Новак открива нови детали: Колегите многу ме повредија

Новак Ѓоковиќ беше најдобар за време на пандемијата на коронавирус/ фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Новак Ѓоковиќ во интервјуто за Би-би-си открива нови детали поврзани со случувањата во Австралија пред гранд слем турнирот и кои резултираа со негова депортација.

Откако вчера во првиот дел од интервјуто изјави дека нема да се вакцинира против коронавирус дури и по цена д не настапува на гренд слем турнирите, тенисерот зборуваше и за неговиот престој во хотелот за мигранти „Парк“.


– Дефинитивно не е пријатно, не сакам да седам тука и да се жалам на условите во тој центар бидејќи поминав седум дена. Се чувствував беспомошно, не можев да користам телефон три или четири часа. Ме испитуваа на секои 30 минути и тоа среде ноќ, од еден до девет часот. Имаше многу интервјуа кои започнуваа, а потоа беа паузирани за некој да разговара со претпоставениот. Тоа траеше цела ноќ. Прво визата беше повлечена, па вратена и бев слободен четири дена кога можев да тренирам. Тоа не беа нормални денови на тренинзи кои вообичаено ги имам пред секој гренд слем турнир, хеликоптер леташе над „Род Лејвер“ арената за време на секој тренинг,  камери имаше на секој чекор – вели Ѓоковиќ во вториот дел од интервјуто за Би-би-си.

Австралија призна дека го изиграла Ѓоковиќ: Визата му била издадена од човек, а не од компјутер

Српскиот тенисер призна дека бил повреден од реакциите на своите колегите.
– Колегите, тоа многу ме повреди. Ја почувствував енергијата, погледите на колегите, луѓето кои се наоѓаат во арената. Сфатив дека имаат перцепција и носат заклучок на основ на тоа што ќе го прочитаат и видат во медиумите, а јас не сакав да излезам во јавност порано бидејќи ги почитував правната постапка и Австралија Опен – открива Ѓоковиќ.

Новак иако не доби можност да ја брани титулата во Мелбурн, пред ТВ екраните го следеше финалето во кое Рафаел Надал со пресврт го победи Данил Медведев и дојде до 21 гренд слем титула.

– не ми беше лесно да го гледам финалето на Австралија Опен. Бев неутрален, не сакав да навивам за никого бидејќи очајнички сакав јас да бидам таму. Мојата сопруга навиваше за Данил, а синот за Рафа Надал и скокаше по секој поен што ќе го освоеше. Го имитираше однесувањето на Надал, се радуваше со крената рака. Синот Стефан пред неколку дена ме праша дали знам на кој турнир ќе играме заедно со Надал. Му реков дека се надевам дека тоа ќе биде наскоро, по што ми рече дека сака да се фотографира со него. Сигурен сум дека ќе успееме даго средиме тоа – зборува Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ја призна грешката пред заминувањето во Мелбурн

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот