Новак наместо да игра на Лејвер Куп, собира компири
Новак Ѓоковиќ најави дека до крајот на месецот ќе одмора од тениските активности и одлучи слободното време да го помине во родната Србија. Тој слободното време го користи за да помине време со пријателите од детството.
За последната активност, Ѓоковиќ се пофали на социјалните мрежи. Наместо да биде дел од лејвер Купот на кој учествуваат најдобрите светски тенисери, тој се наоѓа во Брзеч каде беше дел од акцијата за собирање на компири на една од нивите на неговите пријатели.
„Благодарен сум на искуството што го доживеав во Брзеч. Луѓето од овој крај се многу пријатни, но истовремено и многу вредни, секој од нив има некоја автентична и интересна приказна. Срцето ми е полно што оживувам бројни спомени од детството. Сретнувам многу луѓе кои беа дел од моето детство и кои ми помогнаа да го живеам мојот сон како професионален тенисер. Навистина сум полн со емоции, а згора на тоа добив и неколку компири, за трудот“ – напиша Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил.