Новак може и 400 недели да биде најдобар, неговите и рекордите на Надал и Федерер нема да бидат соборени 100 години

epa07306430 Novak Djokovic (L) of Serbia is congratulated by Daniil Medvedev (R) of Russia after winning their men's singles fourth round match at the Australian Open Grand Slam tennis tournament in Melbourne, Australia, 22 January 2019. EPA-EFE/LYNN BO BO

Рускиот тенисер, Данил Медведев објаснува колку е импресивно тоа што го направи Новак Ѓоковиќ.

Изминатиот понеделник беше историски за Новак Ѓоковиќ кој ја започнаа 311. недела на врвот на АТП ранг листата, а наредниот понеделник ќе биде историски и за Данил Медведев.
Рускиот тенисер за два дена ќе стане првиот тенисер надвор од големата четвортка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер и Енди Мареј) кој успеал да дојде до второто место на АТП ранг листата уште од јули 2005 година.

Иако дојде до историски успех, Медведев е импресиониран од успесите на Новак Ѓоковиќ.
– Тоа е нешто неверојатно, 311. недели на врвот на АТП ранг листата. Често се мисли дека во тенисот се зборува само за бројот на освоени грен слем трофеи. Но, не е баш така. Сигурен сум дека Новак е многу среќен поради рекордот. А како игра во моментов, тој дефинитивно е способен да дојде и до бројката од 400 недели на врвот на АТП ранг листата. Е сега, на нас е да не му го дозволиме тоа – изјави Медведев кој уште еднаш изјави дека не можеше да направи ништо во финалето на Австрилија Опен.
– Не успеав да направам ништо во финалето. Но, такви работи се случуваат во спортот. Никој не сака да се предаде против Новак туку и понатаму ќе мора да ја заработи победата.

Русинот кој е еден од предводниците на младиот бран тенисери кои треба да ја наследат големата тројка, не крие дека им се воодушевува и на Ѓоковиќ и на Федерер и на Надал за се што направија во своите кариери и за постигнатите рекорди кои тешко дека ќе бидат соборени во блиска иднина.
– Тоа е неверојатно. Рекордите кои ги поставија најверојатно нема да бидат соборени во наредните 100 години. Тоа што го направија ретко се гледа во спортот. Исто така не може да се каже дека имаа слаби противници, сите тенисери кои играа и играат во нивната ера се одлични и немаат причини да се чувствуваат засрамени – додава Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот