Новак и одговори на мајката на кошаркарскиот Моцарт: Се надевам дека наскоро ќе се запознаеме

твитер

Бисерка Петровиќ, мајката на Дражен Петровиќ, во интервју за српски Курир зборуваше за смртта на нејзиниот син, но и за сличностите помеѓу Дражен и Новак Ѓоковиќ.

Таа имаше само одбрани зборови за најдобриот тенисер на АТП ранг листата.
– Кога го гледам Новак, како да го гледам мојот Дражен. Ѓоковиќ како да излегол од мојот дом. Тешко ми е кога е повреден, кога лошо се пишува за него. Мојот син и Новак се најголемите спортисти во историјата на овие простори – изјави Бисерка Петровиќ.

Набрзо дојде и одговорот од Новак Ѓоковиќ за убавите зборови на мајката на кошаркарскиот Моцарт, која исто така напомена дека се запознала со родителите на српскиот тенисер.

– Многу го почитувам семејството Петровиќ. Нормално дека ми годи изјавата на Бисерка и од се срце и се заблагодарувам за тоа што кажа толку убави зборови. Се надевам дека наскоро ќе добијам можност да се запознаеме. Сочувство за нивната голема загуба, не се сеќавам толку добро на Дражен, на неговите настапи и постигнувања. Но, тој владееше во европската и американската кошарка. За жал, се случи таа несреќа која претставуваше голема загуба за целата спортска јавност на поранешната СФР Југославија. Сите луѓе со кои сум разговарал и ги прашувал кој според нив е најголем кошаркарски талент на сите времиња од овие простори, одговорот од сите беше едногласен – Дражен Петровиќ – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер зборуваше и за документарниот филм на Владе Дивац „Еднаш браќа“.
– Еден од најемотивните моменти кои ги доживеав во филмот „Еднаш браќа“ е кога Бисерка и Ацо Петровиќ даваа интервју. Дивац по 20 години дојде во Загреб и тука се виде колкава моќ има спортот во помирувањето помеѓу луѓето и народите. Раните од тешките војни кои се случија на овие простори сè уште се свежи, но мислам дека спортот и музиката се работите кои најлесно ги поврзуваат луѓето. Од се срце сакам да и се заблагодарам на госпоѓата Петровиќ – изјави Ѓоковиќ за Курир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот